Падна „Булдужерот“: Фатен еден од најсуровите џалати на ИД (ВИДЕО)

Падна „Булдужерот“: Фатен еден од најсуровите џалати на ИД
Падна „Булдужерот“: Фатен еден од најсуровите џалати на ИД

Сириската војска зароби еден од најозлогласените теористи, познат како „Булдужер“. Прикажана е снимка на која може да се види како полугол лежи на под од приколка на камион, со врзани раце.

Луѓето се собрале за да го фотографираат џихадистот кој лежејќи прави гримаси, пред да го однесат припадниците на сириската војска. Снимката ја објавиле сириски извори.

Овој екстремист е познат како еден од најопасните и најкрволочните припадници на ИСИС, пишува „Дејли мејл“. На една фотографија, тој е прикажан со џиновска автоматска пушка, тешка над 50 килограми, а на друга како се подготвува со меч да ја отсече главата на маж кој клечи, со превез на очите.