Падна дел од таванот во гимназија во Тетово

Инцидент во тетовска гимназија, за среќа нема повредени.

Паднал дел од таванот во училница во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, за време на одморот, додека во неа имало ученици. Инцидентот во кој никој не е повреден, се случил додека на покривот мајстор работел на поправки бидејќи со денови протекувало вода, пренесе МТВ.

Учениците и родителите со години предупредуваа дека условите во оваа барака во која се одвива наставата на македонски јазик се лоши. Ова е само еден од петте објекти во кои

Директорот на гимназијата Намикќамил Мустафа, рече дека е потребна реконструкција на објектот, но не можеше да каже кога тоа ќе биде реализирано.

Од министерството за образование беа обезбедени средства за обнова но само за централниот објект. Бараките и натаму останаа во ваква стостојба.