Падна договор – Најк влегува во НБА за една милијарда долари

НБА и американската компанија за производство на спортска опрема “Најк” потпишаа договор за соработка вреден една милијарда долари, пренесува ЕСПН.

Договорот ќе важи за период од осум години, а на сила стапува од сезоната 2017/2018, кога завршува десетгодишниот договор помеѓу НБА и “Адидас”.

Германскиот гигант одлучи да не го продолжи договорот кој истекува на крајот од следната сезона.

“Најк” од 1992-та година произведува реплики на НБА дресови, а од стапувањето на сила на договорот нивното лого ќе биде на дресовите на сите тимови во лигата.

Заштитни лица на оваа компанија, меѓу останатите се Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Коби Брајант, Кајри Ирвинг и Расел Вестбрук.