Падна компјутерскиот систем на „Туркиш Арлајнс“ во Истанбул

Синоќа падна компјутерскиот систем на турската авиокомпанија „Туркиш Ерланс“ на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, поради што пред шалтерите се формираа големи редици од патници, а голем број летови беа откажани.

Вработените на аеродромот подоцна почнаа да издаваат рачно напишани билети со имињата на патниците и броевите на нивните седишта, што создаде дополнителен хаос на аеродормот „Ататурк“.

„Туркиш Ерлајнс“ не даде никаво соопштение во врска со причините за падот на копјутерскиот систем.

Но, на социјалните мрежи веднаш се појавија тврдења дека хакери го блокирале системот на авиокомпанијата.