Падна плоча од споменикот на Александар Македонски во Штип – едно дете повредено!

Попладнево во Штип, додека група ученици се фотографирале околу споменикот на Александар Македонски, се откачила една од страничните мермерни плочи при што едно дете е повредено, пренесува „1.мк“.

Другарчињата повикале такси и го однеле во болница. На лице место увид изврши штипската полиција. Споменикот е донација на приватен штипски бизнисмен, а во 2012 година при реконструкција на градскиот плоштад од тогашната градска власт,  беше преместен, со соодветна процедура, со изведувач и надзор над работите.

По поставувањето на споменикот на Александар, постаментот беше обновен со нови мермерни плочи кои исто така се донација од поставувачот на споменикот. Околу споменикот постојано има луѓе кои се фотографираат, но се’ уште не се утврдено причините за падот на плочата.

pl

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.