Падна пресуда за убиството на Ивковиќ – Акташ ќе издржува 25-годишна робија

Падна пресуда за убиството на Ивковиќ - Кадри Акташ ќе издржува 25-годишна робија

Според информациите кои пристигнуваат од Турција, Кадри Акташ првоосомничениот за убиството на Ивковиќ е осуден на 25 години затвор.

Одбраната најави дека ќе поднесе жалба, бидејќи според нив казната е преголема, додека обвинителството бара доживотен затвор.

Останатите осомничени, шестмина, се ослободени од обвинение откако обвинителот се откажа од кривична одговорност за нив, во недостаток на докази.

Мирко Ивковиќ беше убиен на 21-ви ноември минатата година, во пресрет на дуелот меѓу Црвена Звезда и Галатасарај во Истанбул во Евролигата.