четврток, 12 јануари 2017  |  Вести денес: 8

Падна првиот ЏЕК ПОТ на Државната Видеолотарија вреден 1.676.401 денри за 2017 година

Низата милионери на Државна Видеолотарија на РМ за 2017 ја започнуваме со М.М. Тој е среќниот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ освоен во Спорт Лаиф Трејд во скопско Шуто Оризари. Добивката вредна 1.676.401 денар е освоена на 10 јануари во 17:26.

џек пот

Поврзани вести

Државна  Видеолотарија по 25 милионери во 2016, го доби и првиот милионер за 2017. Среќниот играч М.М. е редовен играч на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Во просториите на ДВЛМ, ни раскажа дека ова е негова прва добивка воопшто. На добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТОТ вредна 1.676.401 многу и се радува. Звукот кој го слушнал кога ја освоил добивката го изненадил, а го доживеал како убав настан кој дефинитивно ќе му ја одбележи годината која само што започна. Планот за трошење на парите од добивката, првично вклучува купување нов автомобил.

Само за потсетување рекордниот  износ на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ досега е вреден 1.794.419 денари, а беше освоен на почетокот на декември во ВемаксТобако во Кичево, минатата година.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јунимината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се26 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 37.827.187денари. Покрај нив, освоени се и 3382Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 25.371.237 денари.

Минатата година на 12 октомври, под мото Играј за забава го започнавме промотивниот караван  низ Македонија. Во рамки на караванот, екипата на ДВЛМ на местата каде се поставени нашите видеолотариски терминали, носи многу изненадувања, промотивни ваучери, подароци и забава. Досега реализиравме промоции во Прилеп, Битола, Кичево, Гостивар, Тетово, Македонски Брод, Охрид, Струга, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Штип, Струмица, Дојран, Валандово, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Богданци.

Денес (12.01.17) и утре (13.01.17) се гледаме во Скопје.

Најчитани вести