Падна првиот снег во Австрија

Првиот снег падна во Салцбург, Австрија. По летото со рекордни горештини пристигна постудено време кое ги донесе и првите снежни врнежи од половина метар.

На планината Гросглокнер, на територијата на покраината Салцбург, денеска, од безбедносни причини, е затворен и патот за сообраќај.

Снежната покривка, која го прекри тој дел од Австрија, достигна 50 сантиметри, а меѓу Терла и Хонтор снежните виулици биле многу силни.

Надлежните власти соопштија дека работат на расчистување на снег, за да патот биде прооден.

Во Бад Гастајн исто така паѓаше снег, па една сообраќајница морала да биде затворена поради снежната прекривка од 40 сантиметри.