Падна руски борбен хеликоптер во Сирија, пилотите загинаа

Рускиот воен хеликоптер Mi-28N, познат под називот „ноќен ловец“ се сруши во Сирија, додека во текот на ночта го надлетувал Хомс, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Б92.

Руското министерство наведува дека леталото не е соборено.

Во текот на ночта хеликоптерот на руските воздухопловни сили имаше несреча и двата члена на посадата ги загубија животите, се соопштува.

Телата на двајцата пилоти се пронајдени и пренесени во базата Хмемим.

Истрагата за причините за падот на хеликоптерот е во тек.

Хеликоптерот Mi-28N е двоседен борбен хеликоптер наменет за пронаоѓање и уништување на воздупните цели при мали брзини и непријателска опрема. Опремен е со ракети воздух – земја и ракети воздух-воздух.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.