“Падна” третиот светски рекет во Дубаи – Чориќ направи сензација

Борна Чориќ на турнирот во Дубаи направи огромно изненадување откако во два сета (6:1, 6:3) го совлада третиот светски рекет, Енди Мареј.

Иако Британецот важеше за еден од главните фаворити за освојување на овој турнир, сепак на патот му застана Хрватот Борна Чориќ кој направи вистинска сензација и го совлада убедливо, дозволувајќи му на Мареј да освои само 4 гема.

Чориќ во полуфиналето ќе го чека подобриот од денешниот меч помеѓу Рожер Федерер и Ричард Гаске, што ќе биде уште една можност за младиот Хрват да докаже дека покрај Надал и Мареј, може да го земе скалпот и на останатите од светската тениска елита.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.