„Падна“ уште еден врбувач на борци на ИСИС во Македонија

„Падна“ уште еден врбувач на борци на ИСИС во Македонија
„Падна“ уште еден врбувач на борци на ИСИС во Македонија

Беким Бакиовиќ (40), вчера е приведен во Косово, како дел од полициската акција „Ќелија“. За него македонската полиција имаше рспишано меѓународна потерница поради сомение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“. Тој се сомничи за индоктринација и за врбување на борци на ИСИС.

Веднаш по добиеното известување стапено е во контакт со косовската полиција и по размената на информации потврдено е дека станува збор за лицето Б.Б. (40) од Скопје кој се бараше со меѓународна потерница во врска со оперативната акција “Ќелија“ по којашто истиот беше опфатен со кривичната пријава поднесена во август годинава против 36 лица од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга поради што од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор.

Истиот се товари дека учествувал во групата вршејќи разни акивности како индоктринација, логистика и помагање при испраќањето на македонски државјани да се борат на страната на ИСИС. Б.Б. и претходнио и е познат на полицијата и во неколку наврати е криично пријавуван, информираат од МВР.

Оперативната акција „Ќелија“ беше реализиран на почетокот на август годинава како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации. Исто така беа собрани и докази и за сокривање на лица кои веќе учествувале во паравоени формации надвор од територијата на РМ  или пак оствариле обид за тоа. Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго).

Големата антитерористичка акција „Ќелија“ го откри гнездото за регрутација на борци за ИСИС од Македонија. Приведените беа на возраст од 19 до 49 години. Речиси сите биле повратници од борбите во Сирија а зад себе имале и криминали досиеја.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.