Падна висечки мост -11 загинати, меѓу нив и деца

Најмалку 11 лица загинаа, а неколку се повредени кога падна висечки мост во рурален дел на Колумбија, јавуваат локалните медиуми.

Несреќата се случила во близина на селото Виљависенсио, кога мостот направен од даски и јажиња се откачил. Се верува дека конструкцијата на мостот попуштила поради прекумерна тежина.

Мостот е локална туристичка атракција, а во моментот на несреќата на него имало повеќе луѓе, јавува Би-Би-Си.

Меѓу загинатите има и деца, кои паднале во провалија длабока 80 метри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.