И официјално падна владата на Ѓукановиќ

И официјално падна владата на Ѓукановиќ. Социјалдемократската партија на Црна Гора соопшти дека коалицијата „Европска Црна Гора“ повеќе не функционира откако ДПЦ на Ѓукановиќ неодамна одби смена на министрите Вујица Лазовиќ и Иван Брајовиќ, пренесува српски „Курир“.

Претседателството на СДП констатира дека по договорот на ДПС со кој, спротивно од темелните принципи на изборната демократија и коалиционото функционирање, со востанувањето на политичката корупција на ниво на влада и парламент, коалицијата „Европска Црна Гора“ суштински повеќе не фунционира. Претседателството на СДП ги поддржува сите напори што нивните претставници во собранието и владата ги вложија за зачувување на демократскиот дијалог и ги повикува сите политички субјекти на уважување на европските вреднсоти и постигнување на широк консензус за подготовка и спроведување на фер и слободни избори. Претседателството на СДП врз основа на овој факт констатира дека постоечката влада има статус на техничка влада, се заклучува во соопштението.

Одлуката на црногорските социјалдемократи да излезат од владата на Мило Ѓукановиќ е една вечер пред најавените протести на опозицијата во Подгорица, закажани за денес во 19 часот.

Поддржувачите на демократскиот фронт ќе протестираат на Плоштадoт на Републиката и ќе побараат оставка од Ѓукановиќ, формирање на преодна влада и распишување на избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.