Исчезната малолетничка од Виница

Триесет и осумгодишниот Е.С. од Виница вчера во полициска станица пријавил дека претходниот ден околу 05.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна малолетна ќерка.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.