Паднаа маските: Државата вика Државен испит, опозицијата продолжува да лаже за екстерно

Продолжуваат манипулациите поврзани со концептот за зголемување на квалитетот на високото образование. Државата подготвува државен испит, а опозицијата обвинува и се буни против екстрено тестирање. Освен што си дозволија да ги изманипулираат студентите и јавноста презентирајќи им тотални невистини, структури на СДСМ и СОРОС се уште зборат за екстерно тестирање, пишува Курир.

Нивното делување е најголем доказ дека манипулираат. На сите им беше детално образложено дека студентите ќе полагаат државен испит за да се стави крај на незаслужените високи оцени и да се зголеми квалитетот на високото образование.

Манипулацијата продолжува преку медиуми

Во организираното манипулирање на јавноста се приклучија и медиумите блиски до СДСМ, а финансирани од СОРОС. Радио Слободна Европа, А1он, 24 Вести, Алсат и други се уште го форсираат терминот „екстерно тестирање“ со што ги покажаа своите нечесни намери.

Утрово овие медиуми објавија интервју со Дејан Лутовски од студентската неформална организација „Студентски пленум“, направено од Радио Слободна Европа. Овој човек кажува невистини и ги заплашува студентите неосновано, за нешто што ниту било најавено, ниту ќе се случи.

– Сметаме дека екстерното тестирање како мерка прави директен упад во уставно и законски загарантираната автономија на универзитетот, значи сметаме дека нема потреба, високото образование не е задолжително, нема потреба еднаш во втора и еднаш во четврта година да се тестираат студенти, кои доколку би паднале на тоа тестирање во втора година, би изгубиле право после да студираат на истиот факултет, истакнал тој за интервјуто, пренесе Радио Слободна Европа.

podvlecenoooo

На оваа вест се “израдуваа“ и останатите портали под контрола на СДСМ. Така, А1он го пренесен интервјуто неколку пати спомнувајќи го терминот „екстерно тестирање“.

a1ona1on

Но, неговата изјава експресно ја пренесоа повеќе медиуми, кои се свесни дека информациите не се вистинити. Многу пати беше потенцирано дека е планиран државен испит, а не екстерно тестирање. Не е можно новинарите од овие медиуми да не ја слушнале оваа информација. Медиуми блиски до СДСМ не ја пренесуваат само оваа изјава, туку прават цели текстови и анализи на темата користејќи го терминот ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ.

AADEMIII24

aalsattt

Лутовски или воопшто не е информиран за планираниот државен испит, или информациите ги извртува со цел да влее страв и разбуди незадоволство кај студентите. Во само една реченица, тој пласира неколку невистини. Прво, не станува збор за екстерно тестирање, туку за државен испит, а овие два поими се сосема различни и неспојливи. Сево ова воопшто не е упад, туку мерка за заштита на студентите во нивниот образовен процес. Државата нема да дозволи незаслужени 10-ки да добиваат лица кои ги плаќаат своите оцени. Лага е дека студентите кои ќе паднат на испитот ќе загубат било какво право. Државен испит студентот може да полага бесконечен број пати, додека не го положи истиот со минимум знаење барем за 6-ка.

 

drzaven-da

Со цел уште еднаш студентите да бидат правилно информирани и да се открие вистината за државниот испит на факултетите и сите детали околу процесот, го повторуваме вчерашниот текст на КУРИР во продолжение.

Студентите и јавноста деновиве беа дрско изманипулирани од структури блиски до опозицијата

Во јавноста намерно се внесе забуна од страна на опозицијата и инсталациите на СОРОС дека државниот испит е всушност екстерно тестирање.Тоа не е така.

Она што многумина не го разбраа пред да го критикуваат е тоа кој ќе полага државен испит на факултет. Првата година во која ќе се полага овој испит е 2017-та, за генерациите кои студирањето ќе го започнат во учебната 2015/2016.

Огромна е разликата меѓу екстерно тестирање и државен испит

Екстерното е за проверка на професорите, а државниот испит е за обезбедување на минимум знаење на студентите. За да се помине државниот испит студентот не мора да ја потврди оцената која веќе ја добил, туку да покаже знаење барем за најниската прелазна оцена, односно 6-ка.

Кај екстерното учениците се оценуваат, а резултатите се знаат по извесен период. Кај државниот испит е доволно да се положи испитот, а резултатите се веднаш познати.

Кој и зошто ги манипулира студентите?

Ситуацијата е загрижувачка и вели дека студентите се изманипулирани, иако имале чесни намени. Состојбата покажа дека тие биле изманипулирани од СОРОС и опозициските партии кои им создадоа лажна слика за состојбата и претставија проект кој е непостоечки, поттикнати од идеја која се уште нема свој концепт, не е помината во Влада и не минал низ јавна расправа.

Најскандалозно е тоа што во организација на протестот учествуваа професори од редовите на СДСМ, за кои дознаваме дека самите ги прекинувале предавањата за студентите и тие сами да може да протестираат.

Опозицијата намерно манипулира и ги злоупотребува студентите со цел да поттикне незадоволство и да создаде глобална слика на незадоволство.

Тие суштински не придонесуваат во процесот туку ан блок се отфрлаат.

Тоа СДСМ и послугата на СОРОС ги става дека се во директна заштита на дипломите купени со пари и девалвирање на образовниот процес.

Што и како ќе се полага?

Испитот ќе се полага на крајот на втора и на крајот на четврта година, што значи дека првиот државен испит ќе се спроведе во 2017 година, а следниот две години подоцна.

Испитот, кој ќе се полага на крајот од втора година, ќе биде за материјата изучена во прва и втора година студии, а вториот циклус државен испит, кој се полага на крајот на четврта година, ќе биде со прашања од материјата на предметите од трета и четврта година високо образование.

За разлика од екстерното тестирање, во државниот испит воопшто не е предвидена никаква контрола врз професорите.

Не е вистина дека ако студентот не го положи државниот испит, ќе изгуби година, оцена или услов, туку државниот испит може да го полага неограничен број на пати, се додека не го положи.

Полска, Чешка, Унгарија и Словачка се само дел од земјите каде студентите полагаат ваков испит пред дипломирање. Она што кај нас ќе биде различно е фактот што на студентите ќе им се олесни полагањето, кое ќе биде ставено во два дела, со однапред познат базен на прашања.

Нема диплома без знаење!

Од друга страна владата има обврска да го подобри системот. Има особено струки и професии каде способноста и квалитетот се пресудни. На пример доктори, кардиолози, хирурзи, стоматолози инженери, градежници….дипломите без знаење се опасни и за самото општество

Мора да има проверка на знаењето на студентите зашто тоа, како што вчера појанија за МИА, е од интерес на општеството, на сите нас и на самите студенти. Неопходно е да постои некој минимум стандард кој треба да е исполнет од студентот.