Свет

Паднаа првите обвиненија за новогодишната ноќ во Келн

Паднаа првите обвиненија за новогодишната ноќ во Келн
Најголем дел од напаѓачите во Келн никогаш да бидат фатени

Паднаа првите обвиненија за новогодишната ноќ во Келн. Германскиот суд денес и официјално обвини еден Мароканец и еден Тунижанец за кражба извршена за време на новогодишната ноќ во Келн.

Ова се воедно првите обвиненија за повеќекратните напади извршени на 31-ви јануари, за кои воглавно се обвинети странци.

Портпаролот на судот во Келн Соња Хајдел изјави дека двајцата мажи, чиишто имиња не се објавуваат се обвинети за кражба на чанта во која имало фото-апарат во близина на главната железничка станица во Келн, пренесува АП.

Таа додаде дека обвинетите во моментов се во притвор и дека ќе им се суди во февруари.

Нападите за време на новогодишната ноч во Келн, кои воглавно беа од сексуална природа, ја шокираа германската и светската јавност. Поднесени се околу 1.000 кривични тужби, од кои повеќе од половината се за сексуално вознемирување.

Властите идентификувале 35 осомничени, од кои 32 се од западна Африка.