Паднал од приколка од трктор и починал

На 04 јули, околу 21 часот кај м.в. „Балдовец“ подрачје на село Барово-Неготино, бил пронајден починат 61-годишниот А.Е. од Демир Капија.

Истражителите не констатирани траги на насилство, а по наредба на ЈО, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина Скопје за обдукција.

Следниот ден во 14.15 часот пријавено е дека починал Д.Н.(54) од село Горно Коњари, кој паднал од приколка од трактор натоварена со сено. Тракторот го управувал неговиот син. По наредба на ЈО, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.