Паднал од тракторска приколка, па починал

Шеесет и тригодишниот Петре С. од скопско Драчево загинал во сообраќајна незгода во Прилеп.

Имено Петре С. кој се возел со трактор (односно на тракторска приколка) управуван од Г.С. (43) од с.Сливје, при транспорт на житни производи натоварени во приколката, во еден момент паднал од приколката по што бил прегазен. Тој на пат кон болницата во Прилеп им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.