Падналa во бесознание од ќотекот на сопругот

Млада жена од скопското село Кондово во средата била крвнички нападната до својот сопруг, а од ќотекот што го добила паднала во бесознание, по што нејзините малолетни деца биле принуден да побараат помош.

Триесет и тригодишната М.С. вчера вечер пријавила дека била физички нападната во средата околу 14 часот од нејзиниот сопруг три години повозрасниот С.А. во нејзиниот дом во скопско Кондово. Според нејзиниот исказ даден во полицијата, мажот ја влечел за коса и ја удирал со раце по главата, лицето и телото.

Потоа мажот го зел нивниот осумгодишен син и излегол од домот, а жената изгубила свест и нејзините две малолетни деца побарале помош од соседите по што била повикана Итна медицинска помош и таа била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.