Паѓа популарноста на социјалдемократите, расте нa евроскпетичната десница

Десет дена пред парламентарните избори во Германија, популарноста на помалиот коалициски партнер во владата Социјалдемократската партија на Германија (SPD) падна на најниското ниво од почетокот на годинава, додека истовремено на десната европскептична и антидоселечничка партија Алтернатива за Германија (AfD) популарноста и натаму расте, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мнение кои во четвртокот вечерта ги објави јавниот сервис ARD.

Доколку оваа недела би се одржале германските парламентарни избори само 20 отсто од испитаниците би гласале за SPD, што претставува пад за еден процентен поен во споредба со минатонеделната анкета. Социјалдемократите, така, се само 8 процентни поени пред AfD, којашто, пак, за еден процентен поен го подобрил својот рејтинг и сега ума поддршка од 12 отсто од испитаниците.

Според истата анкета, којашто за телевизијата ARD го спровел институтот Infratest Dimap на владејачката демохристијанска Унија CDU/CSU предводена од кандидатката за четвртиот со ред канцеларски мандат Ангела Меркел, би освоила 37 отсто. Либерално-демократстката партија (FDP) би освоила 9,5 отсто, партијата Левица 9 отсто а партијата Зелени 7,5 отсто.

Според овие резултати како можна постизборна коалицијата повторно в предвид се наметнува ткн „голема коалиција“ на демохристијаните и социјалдемократите, но многу е веројатна и коалиција меѓу демохристијаните, либералите и зелените.

Како што пренесува новинската агенција DPA, според некои процени коишто не ги земаат предвид само резултатите од анкетите туку и аспектите како што е се на пример популарноста на кандидатите за канцелар, најверојатна коалиција по изборите ќе биде остварена меѓу демохристијаните и либералите.

Унијата CDU/SCU заедно со FDP последен пат владееше со Германија во периодот од 2009 до 2013 година, но потоа либералите доживеаја голем пад, па по претходните избори беше невозможно повторувањето на ваквата влада.