Паѓаат маските – Командантот на ИД е американски специјалец!

Паѓаат маските- Командантот на ИД е трениран од американски специјалци
Паѓаат маските- Командантот на ИД е трениран од американски специјалци

Омар ал-Шишани, командант на Исламската држава (ИД), е обучуван од специјални единици на САД во тренинг центрите во Грузија, во периодот од 2006 до 2010 година, а за тоа пишуваат повеќе угледни американски медиуми.

Оваа информација станала главна тема и на американските политички портали.

„Бизнис Инсајдер“ наведува дека: „Aмериканските медиуми ја признаваат улогата на САД во растот на Исламската држава“.

Ал-Шишани е познат како борец во Чеченија, а потоа во Грузија, а денеска војува во Сирија и Ирак, како еден од командантите на Исламската држава. Тој всушност е од Грузија и неговото вистинско име е Таркан Батирашвили.

Порталот„McClatchyDC.com“ се повикува на извори во воениот врв на Грузија и наведува сведочења за ал-Шишани, како  „ѕвезда и истакнат борец во редовите на специјалните единици на САД“.
Како што наведува еден од сеуште активните припадници на војската во Грузија „Сите ние сме обучувани од американските специјални единици, а тој беше еден од најдобрите војници“.

Оваа информација никако не и оди во прилог на Белата куќа, бидејќи гласно се отвора прашањето дали САД се покровители на исламските терористи, односно се расветлува фактот дека улогата на САД во развојот на ИД ни малку не е наивна, туку се рабопти за долгогодишни односи на војската на САД со различни терористички групации.