Паѓа интересот за „бомбите“, Заев најави дека ќе ги објавува со години

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција ја објави дваесеттата „бомба“, која ни малку го нема посакуваниот фидбек.

Заев објави четири сета со по неколку нови креирани разговори и го обвини државниот врв за партиски вработувања и партизирање на државните институции.

Опозицискиот лидер денеска нагласи дека бил подготвен за преговори и формирање преодна Влада, која ќе доведе до според него, нормализација на институциите и фер и демократски избори. Тој најави дека креирани материјали има за да се објавуваат со години, како и дека ќе ги објавува истите се додека оваа власт не си замине.

Заев е убеден дека „бомбите“ ќе го натераат премиерот Никола Груевски своеволно да им ја предаде власта со цел во Македонија да заживеала вистинската „демократија“.

Меѓутоа, она што е повеќе од очигледно е дека секоја нова таканаречена бомба привлекува се помало внимание кај јавноста, па дури и кај членовите и симпатизерите на СДСМ, кои на опозициските прес-конференциите ги има во се помал број.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.