Паѓаат проруски градови пред украинските тенкови

Украинската влaда соопшти дека нејзината војска превземала контрола над уште два градови на истокот на земјата, Артјомивски и Дружкивк, кои до неодамна беа во рацете на проруските сили.

На сајтотот на украинскиот претседател Петро Порошенко објавено е дека во тие два градови е истакнато украинското знаме, пренесе британскиот Би-Би-Си.

Два дена порано украинските сили превземале и едно од главните прибежишта на проруските сили, Славјанск. Дописниците на Би-Би-Си оцениле дека Артјомивск и Дружкивк не се сметаат за стратешки важни како Славјанск, но нивното превземање укажува дека украинските сили се сега во налет.

И покрај губитоците во луѓе и опрема, проруските сили и понатаму ги држат регионалните престолнини Доњецк и Луганск, како и други клучни подрачја.

Висок претставник на украинските безбедносни сили  Михајло Ковал, најавил дека Луганск и Доњецк ќе бидат ставени под опсада додека проруските сили не се предадат.

„Постои стратешки план, кој веќе е одобрен. Тие градови ќе се најдат под комплетна блокада. Тие мерки ќе резултираат така што сепаратистите или да ги наречам бандити, ќ мораат да го положат оружјето„, навел Ковал.