Балкан

Претседателски избори во Словенија Пахор го освои вториот претседателски мандат

Пахор го освои вториот претседателски мандат

Актуелниот словенечки претседател Борут Пахор го освои во неделата својот втор претседателски мандат, порачувајќи дека ќе работи на поврзувањето на различните политички опции и ќе се труди неговиот глас да се слушне повеќе отколку досега.

Борут Пахор според предвидувањата во анкетите во вториот круг од претседателските избори освоил 53 отсто од гласовите, додека неговиот против кандидат, Марјан Шарец 47 отсто од гласовите, објави изборната комисија по преброените повеќе од 99 отсто од изборниот материјал.

На Пахор прв му честиташе младиот градоначалник на Камник, Шарец а потоа и претседателите на повеќето парламентарни парти, како и премиерот Миро Церар.

Заблагодарувајќи им се на гласачите на поддршката, Пахор рече дека и во својот следен мандат ќе биде претседател на сите граѓани и ќе работи на поврзувањето на различните политички опции.

„Ќе се трудам мојот глас за општествените и политичките проблеми да се слушне повече отколку досега“, рече.

Пахор додаде оти смета дека оти главната порака од овие избори е дека во Словенија победуваат оние политички опции кои поврзуваат а не разделуваат.

„Конечно дојдовме до сознанието дека меѓу нас може да има многу разлики, но дека нема потреба поради тоа да се мразиме“, рече Пахор чиј нов мандат е биде инаугуриран на 22-ри декември.