Пахор: Вонредни парламентрни избри во Словенија на 13 јули

Вонредни парламентарни избори во Словенија ќе бидат одржани на 13 јули, изјави вчера словенечкиот претседател Борут Пахор, откако го распушти парламентот, пренесоа медиумите.

Словенечката агенција, СТА пренесе пренела дека датумот на избори би можел и да се промени со оглед на тоа дека поединечни парламентарни групи најавиле дека ќе се спротивстават на одржувањето на изборите во текот на летото, бидејќи во тоа време многу од гласачите се на одмор.Некои парламентарни групи навеле дека тоа ќе го изнесат пред Уставниот суд.

Распуштањето на парламентото уследило после оставката на премиерката Аленка Братушек, на 8-ми мај. Неа на крајот на април за лидерското место  на „Позитивна Словенија“ ја порази градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ.

Претседателот на Словенија, Пахор изјавил дека очекува новата влада да биде формирана во средината на септември.

Ова е втор пат да се распушта словенечкиот парламент. Претходно тоа се случи во октомври 2011 година, еден месец после изгласувањето на недоверба на владата на Борут Пахор.

Братушек и нејзините приврзаници основаа нова партија со која таа планира да излезе на општи избори.

Овој датум,13-ти јули, и порано се спомнувал како можен датум за одржување на вонредни избори, а неодамнешните анкети на љубљанскиот „Дневник“ и „Дела“ покажаа дека скоро половина од Словенците не се склони кон излегување на гласање ова лето.

Дури 77 отсто од учесниците во анкетата изјавиле дека не би го прилагодиле своето заминување на одмор за да можат да гласаат на изборите, а 43 отсто од нив навеле дека би било подобро изборите да се распишат во септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.