„Пајак“ ќе ги собира хаварисаните возила од Аеродром

Општина Аеродром, во соработка со Министерството за внатрешни работи  и пајак службата на ЈП „Градски паркинг“, од  понеделник почнува  акција за подигнување нерегистрирани хаварисани моторни возила од урбаниот дел на општината.

Подигнатите возила ќе се носат на паркингот на ЈП „Градски паркинг“, од каде што сопствениците можат да ги подигнат своите возила.

„Пајак служба“, каде што се чуваат подигнатите возила, се наоѓа спроти Народна банка на Република Македонија.

Оваа акција се презема пред сè за да се зголеми еколошката свест кај граѓаните и да се подигне урбаното живеење на повисоко ниво.