Пајакот ги однесе автомобилите на адвокатите на Заев

Пајак службата попладнево го расчистуваше теренот од недозволено паркирани автомобили пред Скопскиот суд, каде во моментов се одржува првото ропчиште од процесот кој премиерот Груевски го покрена против опозицискиот лидер, Зоран Заев за клевета, пишува Прес 24.

Според неофицијални информации до кои дојде „Пресс24“, меѓу автомобилите кои веќе се наоѓаат во депото на пајакот, се и оние на адвокатите на опозицискиот лидер Заев. Тие биле паркирани, на булеварот пред судот, иако во непосредна близина има катна гаража каде паркингот чини само 25 денари за 1 час.

Од полицијата не може да се добијат информации, во чија сопственост се автомобилите кои поради сообраќаен прекршок ги подигна Пајак службата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.