„Пајакот“ вчера во Скопје кренал 92 возила

„пајак“

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 92 возила.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, тројца  поминале на црвено светло на семафор, четворица не ги почитувале правилата за престигнување, 20 биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило, а осум возеле без сигурносен појас или пак зборувале на мобилен телефон. Затекнати се и 52 непрописно паркирани возила.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ во општина Бутел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.