Пак инвазија на „живи мртовци“ во Њу Јорк

Вкупно 25 лица завршиле во болница во саботата во Њу Јорк откако користеле поголемо количество на синтетичка марихуана, на истата улица каде пред две години 33 зависници од истите причини биле хоспитализирани. И тогаш како и во саботата улицата личела на сцени од филмови со зомби, односно како „живи мртовци“ кои се тетеравеле и паѓале по тротоарите. Полицијата соопшти дека сите 25 луѓе користеле синтетичка марихуана позната како „К2“, која предизвикува параноја, халуцинации и повраќање.

Полицијата го уапсила Тајкван Холи (41) за поседување синтетичка марихуана. Холи претходно бил уапсен 18 пати за проституција и грабеж. Дилерот „Биг Бој Дели“ е единствениот дистрибутер “К2” во оваа област.
„К2“ содржи хемикалии кои дејствуваат на истите рецептори во мозокот како ТХЦ од природна марихуана. Таа често се продава за само 1,5 долари по пакет. Но, комбинацијата на хемикалии варира од пакување до пакување, така што ефектите на оваа дрога се непредвидливи и променливи во секоја употреба.
На пазарот синтетичката марихуана освен „К2“ се продава и под имињата „Спајс“, „АК-47“, „Смект“, „Грин Џаент Скуби Снекс“ и други. Таа предизвикува напади, психоза, зависност и смрт. Исто така, доведува до забрзано отчукување на срцето, параноја, конфузија, повраќање и халуцинации.

Според „Дејли мејл“ од 2015 година Итната помош во Њујорк примила повеќе од 6.000 луѓе кои ја користеле оваа дрога, а две лица загинаа.