Спасувачкиот пакет за Грција треба да биде одобрен од повеќе парламенти

Доколку Грција и нејзините европски партнери постигнат спогодба в недела за трет спасувачки пакет за Атина, работите со тоа нема да завршат, бидејќи најмалку осум парламенти на земји од еврозоната треба да ја одобрат, а Бундестагот треба да ја одобри дури два пати, објави МИА.

Во повеќето случаи одлуката на пратениците нема да биде оспорувана и доколку во одредената земја има незадоволството кај јавноста. Сепак во некои држави како во Словачка и Летонија работите можат да се искомлицираат. Отпорот може да се зајакне доколу спогобата се однесува на грчкиот долг.

Во Холандија пратениците сами ќе одлучат дали да гласаат или не. Во Ирска Владата не е должна да побара одобрение од Парламентот, но може да одлучи да го побара со цел да ја оправда својата одлука.

Одобение од Парламентот не е потребно во Белгија, Луксембург,  Кипар, Литванија, Италија, Шпанија и Потугалија.