Пакетот закони за образование пред матичната Комисија

Седницата на собраниската Комисија за образование, наука и спорт денеска на дневен ред ги има пакетот закони за образование, за што се поднесени околу 130 амандмани од кои најбројни се за измените на Законот за високо образование.

Со промена на редоследот на точките од дневниот ред измените на Законот за високо образование се последна точка.

На почетокот од работата на ова собраниско тело беа прифатени во второ читање измените на законите за основно и за средно образование.

Министерот Абдулаќим Адеми не прифати два амандмана на пратеничката група на ДПА кои се однесуваа на учество на меѓународни натпревари на ученици. Тие побараа натпреварите да важат за сите наставни предмети, а не само за математика и природни науки и да се зголеми износот за прва, втора и трета награда. Од ДПА побараа во сите образовани закони, во коишто се предлага формирање комисии или совети, да важи начелото за правична застапеност.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.