Пакистан: Автобус влета во провалија, 16 мртви

Најмалку 16 лица загинаа кога автобус со кој се превезувале сватовите на една свадба изгубил контрола и паднал денеска во провалија во Пакистан.

Од 29 повредени лица, за жал 16 го загубиле животот поради сериозните повреди.

Автобусот превезувал околу 50 лица, кои тргнале на свадбена церемонија. Младоженецот и невестата не биле автобусот.

Засега не е познато како автобусот загубил контрола и излетал во провалијата. Повеќе детали подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.