Пакистан е една од најопасните земји за новинарите

Пакистан останува една од најопасните земји за новинарите, јави „АФП“, повикувајќи се на годишниот извештај на Репортери без граници.

Седум новинари беа убиени за време на извршување на службена дејност во 2013, се вели во извештајот, во кој Владата на земјата е обвинета дека „нема волја да спроведе правда“.

За споредба, десет новинари се убиени во Сирија, осум на Филипините и седум во Сомалија, во истиот временски период.