Пакистан е решен да ги уништи терористите во Северен Вазиристан

Пакистан е решен да се пресмета со терористите во Северен Вазиристан, на североистокот од земјата, адешто пред две недели војската ја отпочна операцијата.

„Кога еднаш ќе ја завршиме операцијата во Северен Вазиристан, тамо нема да остане ниту еден терорист“, изјавил на брифиинг за странски медиуми портпаролот на пакистанската армија Асим Салим Баџва.

Пакистанската војска пред две недели отпочна акција во наведеното племенско подрачје, на североистокот од земјата, кое се смета за скривачиште на пакистанските и авганистанските талибанци, какои припадниците на терористичката мрежа Хакани, пренесува АП.

САД долго време го поттикнуваат Пакистан да ангажира трупи во Северен Вазиристан, од каде што милитантни групи често напаѓаат американски и авганистански трупи во соседниот Авганистан.

Северен Вазиристан е прибежиште и на оние сили кои се обидуваат да ја срушат пакистанската влада од овој регион и организираат напади на цивилни и воени мети ширум Пакистан.

САД особено се загрижени за терористичката мрежа Хакани, чии припадници се обвинети за некои од најкрвавите напади на авганистанска територија. Американците во минатото го обвинуваа Пакистан дека ги поддржува овие групи за да си го одржи влијанието во Авганистан.

Пакистанските власти нагласуваат дека кон сите терористи во Северен Вазиристан се однесува еднакво, апелирајќи исто така да се пресмета со терористичките група на своја територија, кои оттаму напаѓаат цели во Пакистан.

Според истите информации, во овие напади од Авганистан учествува и лидерот на пакистанските талибанци Мулах Фазлулах.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.