Свет

Пакистан: Најмалку 57 загинати при судир на автобус и цистрена

Пакистан: Најмалку 57 загинати при судир на автобус и цистрена

Најмалку 57 лица го загубија животот при судир на автобус и камион-цистeрна што превезувал нафта во Пакистан.

При сударот избувнал пожар во кој целосно изгореле и автобусот и цистерната.

– Кај нас пренесоа 57 тела, но бројот на жртвите може да биде поголем, бидејќи некои од жртвите се целосно изгорени и телата им се слепени, изјави за пакистанските медиуми лекар од болница во Карачи.

Според претставник на полицијата, до несреќата дошло кога камионот-цистерна, кој се движел со голема брзина, преминал во спротивната лената од коловозот и удрил во автобусот.