Пакистанец помагал при шверц на мигранти

Пакистански државјанин, потпомогнат од неколкумина скопјани и кумановци со месеци илегално, од Грција преку Македонија им поимагале на илегални мигранти да стигнат во Србија. Илегалните мигранти најчесто биле од Сирија, Авганистан, Пакистан и Судан.

Во последната акција на полицијата приведени се девет странци, а тројца се во бегство. МВР тврди дека пакистански државјанин им давал инструкции на членовите од групата кои пак се координирале околу времето на пристигнувањето на мигрантите и местото каде се засолнати. За сума од 1.500 евра, илегалните мигранти биле криени во околината на селото Ваксинце, преку илегални премини ги пренесувале во Србија.