Пакистански опозициски лидер повика на граѓанска непослушност

Пакистанскиот опозициски лидер Имран Хан ги повика демонстрантите против актуелната Влада на граѓанска непослушност. Хан, кој е лидер на третиот по големина политички блок во Парламентот, повикот го упати за време на протестен марш во главниот град Исламабад.

Тој ги повика луѓето да престанат со плаќање даноци и такси кон државата и се закани, дека неговите приврзаници ќе го заземат Парламентот доколку премиерот Наваз Шариф не поднесе оставка во рок од два дена.

Имран Хан и умерениот политичко-религиозен лидер Тахир ул Кадри организираа паралелни протести во Исламабад со барање Владата да поднесе оставка поради фалсификат на изборите во мах 2013 година.