Свет

Пакистанскиот амбасадор во Прага загинал поради сеф што не го отворил 25 години

Пакистанскиот амбасадор во Прага загинал поради сеф што не го отворил 25 години

Палестинскиот амбасадор во Прага, Џамал ал Џамал загина вчера во експлозија која одекнала кога во својата резиденција во Прага го отворил стариот сеф што не го допрел речиси 25 години, соопштиле официјални лица.

Шеесетгодишниот Џамал беше тешко повреден во експлозијата, а почина во болница. Палестинскиот министер за надворешни работи Риад Малку изјави дека се сомнева дека во прашање е напад.

Засега не е познато на кој начин Џамал се обидел да го отвори сефот, како ни кој тип на сеф бил.

gamal al gamal
Амабасадорот Џамал сакал да провери што има во сефот

Малки навел дека сефот неодамна бил пренесен од стратата зграда на амбасадата, а оргинално од 80-тите години на минатиот век, се наоѓал во канцеларијата на Палестинската ослободителна организација.

„Амбасадорот одлучил да го отвори. Откако го отворил нешто се случило внатре во сефот и дошло до експлозија“, вели Малики, кој напоменал дека не е јасно како Џамал знае дека тој сеф не бил отворен повеќе од 20 години или зошто некогаш бил миниран.

„Сефот стоеше во старата амбасадата во еден ќош. Никој не  го допирал 20-25 години. Амбасадорот сакал да знае што има во него. Го отворил и барал од сопругата хартија и молив за да запише што има во него. Таа заминала по хартија и молив, а потоа ја слушнала експлозијата“, вели Малики.

Министерот додал дека амбасадорот успеал нешто и да извади од сефот, но засега не е познато што. Исто така не е јасно колку време минало од отворањето на сефот до експлозијата.

Загинатиот амбасадот должноста во Прага за презел во октомври, а неодамна се преселил во новата резиденција во северниот дел од чешката престолнина.