Пакјао ќе плати пет милиони долари

Двајца американски жители од државата Невада, во округот Кларк, поднеле колективно тужбено барање против филипинскиот боксер Мани Пакјао, со кое бараат отштета од пет милиони долари.

Оваа тужба уследи откако Пакјао го загуби мечот во саботата со Флојд Мејведер, за обединување на титулите, при што Филипинецот загуби на поени и со гласање од судиите, но подоцна откри дека имал повреда на рамото и дека ќе мора да оди на операција. Спротивно на ова, во прашалникот што задолжително го пополнуваат боксерите пред мечот, Пакјао одговорил дека не е повреден, со што ги довел во заблуда и гледачите, а со тоа влијаел на цената на билетите, телевизиските преноси, како и при определувањето на влоговите во обложувалниците.