Палачинки со јаболко и цимет – прсти да излижете!

Доколку сакате да испробате некој нов вид палачинки, одберете го овој рецепт и класичните палачинки „зачинете“ ги со јаболко и цимет.

Потребни состојки:

● 2 рендaни јаболки
● 1 јајце
● 3 лажици шеќер
● 1 шолја млеко
● 2 шолји брашно
● 2 лажички прашок за печиво
● 50 г.суво грозје
● сок од половина лимон
● масло и путер

Подготовка:

Сувото грозје прелијте го со врела вода и оставете 10 минути. Изренданите јаболки прелијте ги со сок од лимон. Со миксер изматете ги шеќерот и јајцата додека да станат пенести, па додајте го процеденото суво грозје, јаболките, брашното, прашокот за печиво и млекото.

Измешајте, па во тава за палачинки ставете малку масло или путер, и пржете ги палачинките. По желба, наросете ги со цимет или шеќер во прав.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.