петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Палачинки со вкус на кафе

Палачинките што веќе сигурно знаете да ги подготвувате можете да ги дополните со нов, неодолив вкус на кафе.

Поврзани вести

Палачинките што веќе сигурно знаете да ги подготвувате можете да ги дополните со нов, неодолив вкус на кафе.

Состојки:

  • 240 гр брашно
  • 1 лажичка мелено кафе
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 30 гр путер
  • 230 мл млеко
  • 1 јајце
  • Малку сол

Подготовка:

  1. Во сад промешајте го брашното, меленото кафе, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Промешајте ги состојките заедно додека не се соединат добро. Истопете го путерот во мал сад а потоа додадете го заедно со млекото на сувите состојки и ставете едно јајце. Добро промешајте со миксер или со лажица за мешање.
  2. Загрејте ја тавата и немате потреба дополнително да ја премачкувате со путер. Внимателно ставете една лажица од мешавината во тава. Кога ќе видите како се појавуваат меурчиња на палачинката превртете ја. Палачинките се пржат додека не поруменат и на другата страна. Потоа ставете ги во сад и прелејте ги со вашиот омилен прелив или џем.

Најчитани вести