Спорт

Паласио ги расплаче фановите на Милан

Паласио ги расплаче фановите на Милан

Еден погодок и тоа во условно кажано гостинската мрежа, беше постигнат на неделниот дерби натпревар од 17. коло во италијанската Серија А, градската пресметка помеѓу вечните ривали Интер и Милан.

Погодокот вреден три бод, постигнат во 86 минута, беше дело на аргентинскиот интернационалец, Родриго Паласио, а директен црвен картон во самиот финиш од натпреварот заработи искусниот играч за врска од редовите на Милан, Сули Мунтари.

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, не дозволи никакво изнендување на гостувањето во Бергамо и сосема заслужено со 4:1 го победи домашниот тим на Аталанта, а уште поубедлива победа, од 4:0, но во дуелот со екипата на Катанија, забележа моментално второпласираниот тим на табелата, Рома.

Резултати: Болоња – Џенова 1:0, Аталанта – Јувентус 1:4, Верона – Лацио 4:1, Рома – Катанија 4:0, Сампдорија – Парма 1:1, Сасуоло – Фиорентина 0:1, Торино – Киево 4:1, Интер – Милан 1:0.