Палавичино: Пандев е роден шампион и играч за големи натпревари

Карло Палавичино, агентот на поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев, испрати јасна порака до тренерот на Наполи, Рафа Бенитез, дека Македонецот е роден победник, дека неговото место е во почетниот состав и дека Пандев мора да биде дел од финалниот натпрева во Купот на Италија кој се игра во сабота.

„Бенитез е платен за да го бира тимот, но ако мене ме прашате, Пандев мора да се најде меѓу првите единаесетмина на Наполи. Причината е јасна, тој е играч за големи натпревари, роден шампион што знае како да се носи со притисокот на овие средби. Тој има постигнато низа значајни голови кога е тоа најпотребно за неговиот тим, не гледам зошто истото не би било случај и в сабота“, изјави Палавичино.
Пандев во изминатите неколку месеци, најчесто првенствените натпревари ги започнува од клупата за резервни фудбалери, а се погласни се шпекулациите дека македонскиот интернационалец ќе си замине од “Сан Паоло” за време на летниот преоден рок.