Палермо испушти победа во судиското надополнување

палермо

Натпреварот заврши 1:1, а гостите изедначија во судиското надополнување на вториот дел. Палермо поведе во 33.минута со голот на Робин Куасон, а изедначи Кристијано Бираги во 90+3 минута од пенал. Несторовски го одигра целиот натпревар и доби жолт картон, додека Трајковски во игра влезе во 83.минута. Палермо е на 18.то место на табелата со 10 бодови.

Во дресот на Џенова на гостувањето кај Торино (пораз од 1:0) од 74.минута настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Резултати на натпреварите од 18.коло од Серија А: Палермо – Пескара 1:1, Рома – Киево 3:1, Каљари – Сасуоло 4:3, Фиорентина – Наполи 3:3, Сампдорија – Удинезе 0:0, Торино – Џенова 1:0, Интер – Лацио 3:0, Аталанта – Емполи 2:1.

Поради Супер купот што се игра попладнево во Доха, Катар меѓу Јувентус и Милан, натпреварите: Кротоне – Јувентус и Болоња – Милан ќе се играат на 8.февруари 2017 година.

Табела: Јувентус 42 бода, Рома 38, Наполи 35, Лацио 34, Милан 33, Аталанта 32, Интер 30.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.