На Палестинците од Западниот брег кои патуваат на работа во Израел, од денеска им е забрането да се возат во исти автобуси со Израелците кога ќе се враќаат од работа, соопшти претставник на израелското Министерство за одбрана.
– Врз основа на тримесечниот пилот-проект, Палестинците кои работат во Израел од денеска ќе патуваат до своите домови преку истите премини, но нема да ги користат автобусите со кои се превезуваат израелските граѓани, наведе израелскиот претставник, пренесува МИА.
Стотици Палестинци секој ден заминуваат на работа во Израел од Западниот Брег, користејќи дозвола за патување секој пат кога ги минуваат премините.
Израелските медиуми објавија дека министерот за одбрана Моше Јалон ја прифатил ваквата забрана, додавајќи дека со неа ќе се овозможи „подобра контрола на Палестинците и оние кои го напуштаат Израел, а ќе се намалат и безбедносните ризици“.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.