Палестинците одбија предлог на Израел за директни преговори

Палестинците одбија предлог на Израел за директни преговори
Палестинците одбија предлог на Израел за директни преговори

Палестинскиот премиер Рами Хамдалах отфрли денеска израелски предлог за директни преговори наместо мултилатерална француска мировна иницијатива, оценувајќи дека станува збор за обид за „купување време“.

– Останува малку време. Нетанјаху се обидува да купи време, но овојпат нема да и побегне на меѓународната заедница, изјави Хамдалах по средбата со францускиот премиер Мануел Валс кој е во посета на Израел и палестинските територии.

Нетанјаху одби мултилатерална француска мировна иницијатива по средбата со својот француски колега, и предложи директни преговори со претседателот Махмуд Абас во Париз. Валс рече дека на Нетанјаху му ветил оти ќе разговара со претседателот Оланд за неговиот предлог.

Француската иницијатива подразбира одржување состанок на министри за надворешни работи од неколку држави на 3 јуни меѓу кои и државниот секретар на САД, но без присуство на министри од Израел и Палестина. Меѓународна конференција потоа би била организирана наесен со присуство на претставници од Израел и Палестина. Преговорите меѓу Израелците и Палестинците се во застој од април 2014 година.