Палестинец прегази група Израелци на автобуска во Ерусалим

Палестинец удрил во група луѓе кои стоеле на една автобуска постројка во Ерусалим, а постои сомнеж дека тој тоа го направил со намера, соопшти денеска израелската полиција.

Во инцидентот, што се случил синоќа, загинал еден израелски граѓанин, кој им подлегнал на повредите во болница, а една жена е повредена и се наоѓа во тешка здравствена состојба.

– Сослушувањата и првичните заклучоци го зголемуваат и потврдуваат сомнежот дека станува збор за тероризам, изјави портпаролот на полицијата Мики Розенфелд.

Возачот на автомобилот, 37-годишен Палестинец од Источен Ерусалим, прво бил пренесен во болница, а потоа однесен на сослушување.