Палестински азилант во притвор поради круимчарење мигранти

Палестински државјанин кој има статус на азилант во земја си заработи притвор бидејќи организирал круимчарење на мигранти.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи соопшти дека 48-годишниот Палестинец А.А. кој има статус на азилант во Македонија си заработи 30-дневен притвор поради круимчарење мигрант.

Пријавениот, како дел од поголема меѓународна криминална група, подолг временски период преземал активности за прифаќање и превезување на мигранти со потекло од блискиот и средниот Исток.

На  26 минатиот месец, по претходен договор со непознати  лица од Грција и едно непознато лице од Куманово, организирал прифаќање и транспорт на шест лица – еритрејски државјани, кои од Грција илегално влегле во Р.Македонија, а истите требало да се транспортираат од подрачјето на Гевгелија до кумановскиот регион.

За таа цел телефонски ги ангажирал лицата Б.Г. (41) и Е.А. (44) двајцата од Скопје, кои во организација и добиени инструкции од страна на пријавениот, ги прифатиле мигрантите на подрачјето на Гевгелија и требало да ги транспортираат до кумановскиот регион.

Во Гевгелија на Б.Г. и Е.А. им се приклучил и А.А. со друго возило, по што се упатиле заедно кон Куманово, при што од страна полициска патрола, во близина на Демир Капија, Б.Г. и Е.А. биле запрени и истите  биле приведени во ПС Неготино.

Од страна на Регионален центар за гранични работи “Југ“, до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против лицата Б.Г. и Е.А., за кривично дело – “криумчарење мигранти“.