Палестинските бегалци гладуваат во сириски камп

Снајперистите пукаат во бегалците кои побарале засолниште во кампот „Јармоук“ во Сирија кои го напуштаат за да соберат трева и билки за да можат да преживеат.

Во бегалскиот камп „Јармоук“ во Дамаск, кој е под надлежност на војската на сирискиот претседател Башар Ал Асад, се случува вистинска драма.Неколку илјади палестински бегалци живеат во крајно нехумани и мизерни услови стравувајќи за својот живот секој нов ден.

Бегалците кои живеат во тој камп, повеќето жени и деца, преживуваат без доволно храна и вода, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Во последно време тие се принудени да собираат тревки и билки за да преживеат бидејќи сириските власти не им дозволуваат да внесуваат на храна, вода и лекови.

Според податоците од дописниците на „Анадолија“, во бегалскиот камп во моментов има околу 20.000 палестински бегалци.

Рами Абу Абдулах од Комитетот за локална координација истакнал дека снајперистите на сиријската војска постојано се обидуваат да им го загрозат животот н бегалците во кампот.

„Снајперистите не им дозволуваат дури ни да собираат билки за да преживеат. На секој чекор пукаат во нив за да ги принудат да се предата или да умрат од глад“, потенцирал тој.