Палевски: „ТВ24“ е сопственост на Вице, братот на Зоран Заев

Информациите кои веќе подолго време беа присутни во јавноста, дека партнерот во криминал, братот на Зоран Заев, Вице е всушност сопственик на телевиаијата „ТВ24“ вчера ги потврди и бившиот висок функционер на СДСМ Љупчо Палевски.

– Со самото тоа што јас го говорам кај вас во радио покажува дека имате поголеми демократски капацитети, јас ова не можам да го кажам во ТВ24, која е на Вице, а не на Роби. Меѓутоа во Централен регистар сеуште така се води, изјави Палевски за Радио Слободна Македонија.

Како што вели екс-претседателот на Градската организација на СДСМ, јавна тајна е дека телевизијата е на Вице, само што формалната смена во централен регистар сеуште не е извршена.